ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Богданоски и Тасков го засилија Шкупи

Богданоски и Тасков го засилија Шкупи

сподели
Здравко Богданоски

Откако доби една недела повеќе од другите клубови за екипирање, чаирскиот прволигаш полека го комплетира составот за својот прв натпревар од сезоната.

Шкупи беше слободен во првото коло затоа што доби “зелено светло” за играње во елитата на само десетина дена пред стартот. Во меѓувреме не се знаеше дали ќе игра во Првата или во Втората лига, па поради тоа и не можеше да го направи тимот со кој ќе се натпреварува.

И сега е тешко, најголем дел од кошаркарите веќе имаат ангажман, па раководството на Шкупи одлучи да игра со млади и домашни играчи на стартот од сезоната. Нови играчи на чаирскиот прволигаш се Здравко Богданоски и Оливер Тасков кои минатата сезона ги бранеа боите на Карпош Соколи.

Аплицирајте веднаш за

Богданоски беше еден од најдобрите откако тимот се распадна и остана само со млади кошаркари. Одигра 22 натпревара со просек од 9,5 поени и 2,9 скока, а со оглед на тоа што има 21 година, може да напредува во тимот на Шкупи.

Истото важи и за Тасков кој одигра 21 натпревар со ефект од 5 поени и 3,1 скока.

До натпреварот со МЗТ Скопје во Аеродром, Шкупи ќе се обиде да донесе уште најмалку двајца кошаркари со кои е во интензивни преговори. Клубот сака да ангажира и нов шеф на стручниот штаб, функцијата му била понудена на поранешен тренер од младинската школа на Работнички, но тој одбил.