ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Бобан Стајиќ во улогата: Не сум јас, жими мајка!!!

Бобан Стајиќ во улогата: Не сум јас, жими мајка!!!

сподели
Работнички, сезонава, најтешко играше против Кумановци.

Кошаркарите на Куманово одиграа одличен натпревар во Скопје, против непоразениот Работнички. Имаа променлив меч, на кој што губеа со -14, но и беа во шанса да бидат првите што оваа сезона, ќе го совладаат најтрофејниот тим во нашата кошарка.

Во таа беспоштедна битка, имаше многу дуели, еден од нив беше „трапирањето“ на Димитар Мираковски од страна на Бобан Стајиќ и Мирко Ковач, по што му беше досуден фаул на нашиот репрезентативен плејмејкер.

Престрого или не, оставаме на арбитрите, тие си знаат што досудиле. Стајиќ ги крена рацете во неверување, но му останува да се помири со судбината и заедно со соиграчите, да се обидат да се вратат на победничките патеки.

На дуелот со Работнички по кој што лидерот има 12/0, тимот на Куманово го забележа вкупно 5-тиот пораз за скор 7/5, но тоа му беше прв загубен меч по серија од 5 победи.

Во следната рунда, кумановци играат дома со Охрид, а ценарци на гости кај Фени Индустри.