ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Блокотехна ја освои Битола, но се испоти пред крајот

Блокотехна ја освои Битола, но се испоти пред крајот

сподели

Блокотехна ја оствари 11. победа во Првата македонска лига и трета во низа совладувајќи го Пелистер со 73:67. Прогнозите беа дека гевгелискиот тим ќе оствари лесен триумф, но Пелистер се погрижи барем финишот од натпреварот да биде интересен.

Претходно Блокотехна ги држеше конците во свои раце, на почетокот од третата четвртина ја достигна највисоката предност (49:28), но во преостанатиот дел од натпреварот се опушти и му дозволи на Пелистер резултатски да се врати.

До полувремето се доближи на 14, а на три минути пред крајот дојде и на едноцифрена негатива (60:69). И тогаш имаше неколку шанси дополнително да ја врати драмата, но не ги искористи, а Блокотехна успеа мирно да го приведе мечот кон крај.

Двејн Бенџамин беше најефикасен во победничкиот тим со 19 поени. Кај Пелистер, Роберт Луис стигна до 27, но со шут од поле 8/22.