ПОЧЕТНА БИБЛ Блокотехна убедливо во градското балканско дерби со Кожув

Блокотехна убедливо во градското балканско дерби со Кожув

сподели
фото: Мартин Стојанов, Гевгелија

Двете гевгелиски екипи се соочија во рамките на балканската БИБЛ лига, славеше гостинот со 57:77.

Блокотехна доминираше во текот на целиот натпревар, ја имаше контролата над резултатот, а дуелот многу потсетуваше на неодамнешниот во рамките на домашното првенство. Ко-лидерот во Првата лига демонстрира завидна одбрана и тоа беше главната превага на страната на гостинскиот тим.

Данило Мијатовиќ ја потврди фантастичната форма, натпреварот го заврши со 27 поени и осум скока, а блиску до дабл-дабл остана и Повилас Гаидис кој постигна 14 поени и девет скока.

Во тимот на Кожув најефикасен беше Роберт Луис со 15 поени, а повратникот во тимот Владимир Ивеља реализира 12 поени и 10 скока.

Блоко има ефект 4 победи и 1 пораз на четвртата позиција, а Кожув е на место подолу откако го регистрира петтиот пораз со една победа.

Блокотехна им се врати на победите, по поразот од Академик Бултекс во претходниот меч одигран во БИБЛ, а Кожув врза два пораза во регионалното натпреварување.