ПОЧЕТНА БИБЛ Блокотехна тргна со победа и на Балканот

Блокотехна тргна со победа и на Балканот

сподели
фото: БЛОКОТЕХНА

Вториот македонски претставник во БИБЛ лигата оствари убедлив триумф во својот прв меч во регионалното натпреварување.

Блокотехна одлучи подоцна да се вклучи во друштвото иако имаше покана и на почетокот од сезоната, но се чини дека и тука ќе има што да каже, како во домашното првенство каде во моментов е на првото место.

Аплицирајте веднаш за

Прва жртва на гевгеличани е Академик Бултекс кого Блоко пред своите навивачи го совлада со 89:74. Гостите дојдоа без тројца важни кошаркари, но и покрај тоа беа конкурентни до 34. минута. Одлучи серијата од 14:1 на нашиот тим по кој беше скршен отпорот на противникот.

Одлучи шутот од далечина имајќи предвид дека кошаркарите на Марјан Илиевски погодија 13 тројки од 30 обиди, додека Академик Бултекс реализира само 4 од 25 шута.

Убедливо најдобар играч на Блокотехна беше Данило Мијатовиќ кој постигна 37 поени со шест тројки од 11 обиди. За одбележуање е и настапот на Марјан Младеновиќ кој на 15-те поени, додаде и девет асистенции и четири скока.

Следниот натпревар Блокотехна го игра на 11 декември на гости кај албанскиот претставник Теута.