ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Блокотехна се засили со уште еден Американец пред почетокот на првенството

Блокотехна се засили со уште еден Американец пред почетокот на првенството

сподели

На само три дена пред првиот натпревар од домашното првенство, новиот прволигаш Блокотехна се засили со уште еден американски кошаркар.

Нов член на гевгелискиот тим е плејмејкерот Мајкл Мелори кој минатата сезона ја минал на Универзитетот Јужен Конектикат со која учествувал во втората НЦАА.

„Мелори бил пред договор со романскиот тим Сибиу во случај екипата да игра во ФИБА Европа купот. Со оглед на тоа што не успеа да ги мине квалификациите (Сибиу беше елиминиран од Пардубице во првото коло н.з.), тој бил ослободен и дојде како слободен играч. Веќе две недели тренира со нас, играше и на подготвителните натпревари во Србија и можеме да кажеме дека се работи за доста квалитетен кошаркар. Со својот универзитет играл во втората НЦАА каде минатата сезона бил прогласен за МВП. Тој е веќе регистриран и ќе игра против Кожув во првото коло од домашното првенство како и против Тирана на отворањето на БИБЛ лигата.

Блокотехна немаше намера да ангажира странско засилување, но бевме принудени на тоа поради тешката повреда на Цветковски кој долго време ќе биде надвор од терените. Се обидовме да донесеме домашен кошаркар во согласност со политиката на клубот, но сите македонски играчи се под договор во моментов поради што и нашиот избор беше намален”, изјави за basketball.mk тренерот на Блокотехна, Марјан Илиевски.

Аплицирајте веднаш за

Мелори е четврти странец за Блокотехна оваа сезона. Претходно на тимот му се приклучија израелско-рускиот кошаркар Антон Казарновски, Американецот, Двејн Бенџамин и Србинот, Данило Мијатовиќ.

Блокотехна ќе дебитира во Првата кошаркарска лига на Македонија в недела од 18 часот кога го игра градското дерби со Кожув, а два дена подоцна ќе излезе на мегдан со Тирана во првото коло од БИБЛ лигата што ќе биде и деби на меѓународна сцена.