ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Блокотехна се засили со американско крило

Блокотехна се засили со американско крило

сподели

Најпријатното освежување во македонската кошарка Блокотехна во вториот дел од сезоната ќе биде засилена со уште еден американски кошаркар. Нов член на гевгеличани е крилниот играч Седрик Боуен кој доаѓа од тимот на Академик Бултекс од Бугарија.

Боуен има 25 години, висок е 198 сантиметри, а освен во Бугарија, играл уште во Црна Гора (Студентски Центар) и Исланд (Рејкјави и Хафнарфјордур). Во Академик Бултекс се задржа мошне кратко, дојде минатиот месец и не играше против Блокотехна во рамките на БИБЛ лигата.

Аплицирајте веднаш за

Седрик Боуен ќе биде петти странец во редовите на Блокотехна по Данило Мијатовиќ, Двејн Бенџамин, Антон Казарновски и Мајкл Мелори. Во продолжение од сезоната тимот ќе се обиде да го задржи високиот пласман (второ место) во домашното првенство и ќе атакува на титулата во БИБЛ лигата.