ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Блокотехна се загреа за Работнички

Блокотехна се загреа за Работнички

сподели

Гевгелискиот прволигаш е подготвен за големото дерби со шампионот што се игра во следното коло.

По разочарувањето во дуелот со Гостивар, Блокотехна не дозволи изненадување во Охрид и славеше со 71:82.

Аплицирајте веднаш за

Победи, пред се, поради одличниот почеток на натпреварот во кој го разоружа домаќинот и го остави без зборови. По една серија од 9:0, Блокотехна поведе 7:18, пред крајот на полувремето имаше 8:25, а на првата пауза 13:27.

АВ Охрид беше принуден да брка до крајот на натпреварот, но најмногу што успеа да стигне беше -3 (44:47) во 27. минута. До крајот на третата четвртина гостите направија 12:2 и повторно се оддалечија на пристојна разлика која остана недостижна за амбициозниот тим на АВ Охрид.

Блокотехна славеше благодарение на фантастичното трио Мијатовиќ-Младеновиќ-Гаидус кое постигна 68 од вкупно 82 поена. Гаидус имаше и 14 скока за дабл-дабл и индекс 28.

Освен тоа, гевгеличани ја добија битката под кошевите каде остварија дури 19 скока повеќе од противникот.

АВ Охрид имаше неколку одлични изданија сезонава, но уште ја чека првата победа. Против Блокотехна, најдобри беа Миладиновиќ со 15 поени и Рос со 14 поени и 7 асистенции.