ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Блокотехна-Работнички во Куманово!

Блокотехна-Работнички во Куманово!

сподели
МКФ

Едниот од двата дерби дуела на деветтото коло на Суперлигата ќе се одигра во најсеверниот град во државата.

Играат Блокотехна и Работнички, но работите се малку изместени поради суспензијата на салата на шампионот. Натпреварот од четвртото коло, на кој требаше да биде домаќин тимот од Градски парк се играше во Негорски бањи, па сега Работнички требаше да бира место каде ќе го пречека својот ривал.

Формално, домаќин е Блокотехна, но Работнички одлучи да игра во Куманово, во истата сала каде се сретна со Гостивар.

Натпреварот е закажан за 18-ти мај од 15 часот, три часа подоцна Куманово ќе го пречека Кожув во истата сала. За Работнички потоа останува уште вечното дерби против МЗТ Скопје во последното коло од Суперлигата.

Деветтиот круг носи уште едно дерби, Гостивар ќе го пречека лидерот на табелата, единствената екипа која не успеа да ја победи во досегашниот дел од сезоната. Евентуален триумф на гостиварци ќе придонесе дуелот меѓу Работнички и МЗТ Скопје да има натпреварувачки карактер бидејќи на шампионот ќе му се отвори теоретска шанса за првото место пред плеј-офот.