ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Блокотехна нема проблем ни во Скопје

Блокотехна нема проблем ни во Скопје

сподели
Главчев (10) и Мијатовиќ (22) најефикасни во тимот на Блокотехна

Убедлива победа на гевгелискиот тим на првиот излет во главниот град оваа сезона. Не се ни очекуваше ништо друго освен триумф во дуелот со Вардар изразен со 21 поен разлика (67:88).

Домаќините еуфорично го почнаа натпреварот, во третата минута водеа со 8:2 и го диктираа темпото во првите шест минути. Блокотехна го сврте резултатот во своја корист со една серија од 11:2 по која поведе со 20:15 пред крајот на првата четвртина.

Аплицирајте веднаш за

Се беше решено во финишот од првото полувреме кога Блокотехна дојде до +21 (57:36) по што стана јасно дека продолжението од мечот ќе биде само формалност.

Со овој триумф гевгелискиот тим продолжи со максималниот ефект оваа сезона и застана на првото место на табелата со оглед на тоа што вториот непоразен тим Работнички во ова коло има меч помалку затоа што во ова коло беше слободен.

Спротивно на тоа, Вардар уште ја очекува првата победа по враќањето во елитата, но немаше среќа при распоредот бидејќи на првите три натпревари на домашен терен играше со Куманово, МЗТ Скопје и сега со Блокотехна.

Главчев и Мијатовиќ со по 20 поени беа најефикасни во екипата на Блокотехна, исто колку и Провел кај домаќините.