ПОЧЕТНА Куп на РМ Блокотехна му одговори на Гостивар

Блокотехна му одговори на Гостивар

сподели
фото: aba-liga.com, FMP

Во пресрет на потенцијалниот меѓусебен дуел на Куп завршницата што ќе се одржи во Гевгелија, еден од организаторите ги засили своите редови со искусен играч.

Блокотехна го ангажира Божо Ѓумиќ, српскиот интернационалец кој што играше во Хелиос. Претходно, тој настапуваше за ФМП, Слобода, Партизан, Напредак и Нови Сад.

Ѓумиќ (208) има 27 години, игра на позицијата центар и крилен центар, а доаѓа во Македонија истовремено со Бојан Трајковски, кој што игра на истите позиции и кој што од Пакш (Унгарија) потпиша за Гостивар.

Овие два трансфера не се во релација, но овие двајца кошаркари ќе придонесат за зголемувањето на квалитетот на натпреварите и во Купот, а потоа и во останатиот дел од македонското првенство.

Блокотехна игра со АВ Охрид, а Гостивар игра со фени Индустри во првите натпревари на завршниот турнир, на кој што ќе играат најдобрите 8 екипи по порвиот дел од сезоната во нашата лига.

mkf.mk

Четвртфиналните мечеви се на 15-ти февруари, полуфиналињата ден подоцна, а финалето во машка и во женска конкуренција се игра на 17-ти февруари, во салата „26-ти април“ во Гевгелија.