ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Блокотехна го слави првиот роденден

Блокотехна го слави првиот роденден

сподели

За само една година, одигравме 28 официјални натпревари и 16 пријателски, од кои 10 во втора лига во соработка со КК Радовиш и остваривме 10 победи, 9 победи и 2 порази во прва лига и 6 победи и еден пораз во БИБЛ. Од вкупно 44 натпревари дури 17 беа меѓународни!

Без ниту еден денар народни пари успеавме да направиме најголем успех во кошарката во Гевгелија, за една полусезона со 15 победи и 3 порази. За прв пат го победивме МЗТ Скопје во првенствен натпревар во гости и го победивме Рилски спортист кој е во врвот на Бугарската кошарка.

КК Блокотехна, на мечот со МЗТ Скопје во Аеродром

Единствен Македонски клуб кој бележи позитивни резултати во некое меѓународно натпреварување!

Дури 5 Гевгеличани настапија во официјалните натпревари за Блокотехна, од кои дури 4ца добија повеќе од 100 минути игра! Двајца млади Гевгеличани воедно играат на двојна лиценца во КК Плачковица во трета лига, каде што имаат голем удел во успехот на овој клуб кој што полусезоната ја заврши со 8 победи и само еден пораз.

Од статистички аспект, КК Блокотехна го има третиот најдобар напад во домашното првенство и првиот во БИБЛ лигата со просек од 90 поени по натпревар, ја игра најдобрата одбрана во домашното првенство и втората најдобра во БИБЛ лигата со просек од 69 примени кошеви, најдобра скокачка екипа во двете првенства. Кош разликата во 18 натпревари изнесува безмалку + 400!

Спој од младост и искуство, спој на 4 нации, одличен тренер и пред се, одлични услови за работа обезбедени од сопственикот на клубот, од пред една година само идеја, а денес за 365 дена клуб за почит во домашната кошарка и Балканот.

Нека е среќен роденденот…

(преземено од Facebook)