ПОЧЕТНА ЕВРОПА Блокадата на Гадлок и упорноста на Алба

Блокадата на Гадлок и упорноста на Алба

сподели
legabasket.it

Американскиот интернационалец го повлече клучниот потег во 5-тиот меч од италијанското финале, го изблокира противничкиот кошаркар во последниот напад на натпреварот, со што му донесе победа на својот тим и водство од 3:2 во финалната серија.

legabasket.it

Доминик Сатон од Тренто тргна кон кошот на Армани Милано, при 91:90, но Ендрју Гадлок налета од позадина и резултатот остана непроменет. Нашиот репрезентативец Џордан Теодор, не играше за победникот, пореди повреда.

Аплицирајте веднаш за

Во исцрпувачкиот меч број 4 во германското финале, во кое што Баерн и Алба се борат за титулата и за последното место што води во Евролига, екипата од Берлин се радуваше и ја продолжи надежта за место во европската елита.

По победата 72:68, серијата до 3 победи се сели во Минхен, каде што ќе се решава за првакот на оваа земја и за патникот во најквалиеттната европска меѓународна лига.