ПОЧЕТНА Некатегоризирана Блејк Грифин не знаел за трејдот, дознал од социјалните медиуми

Блејк Грифин не знаел за трејдот, дознал од социјалните медиуми

сподели

Играчот што требаше да стане синоним за франшизата Клиперс, е нов член на Детроит Пистонс. На претставувањето во новата екипа, крилниот центар изјави дека бил шокиран од начинот на кој што дознал дека е трејдуван.

„Свесен сум дека кошарката е бизнис. Знам дека и НБА е бизнис. Клиперс донесеа одлука и го почитувам тоа. Единственото нешто што ми пречи е дека не добив шанса да разговарам со никого пред да се случи зделката. Дознав преку Твитер.

Тоа е малку тешко за мене, затоа што долго време бев член на таа организација. Но, на крајот на денот и јас сум професионалец и сакам да играм во тим што ме сака како дел од него. Затоа и сум возбуден од мојот нов ангажман.“ – изјави Блејк Грифин за ЕСПН.

Грифин е роден 1989-та година во Оклахома Сити, кариерата ја почна во Лос Анѓелес Клиперс како прв пик на драфтот 2009-та. Во моментов е член на Детроит Пистонс.

Ја пропушти првата сезона поради повреда, по што наредната (2010/11) беше избран за руки на годината. Грифин е петкратен Ол-Стар играч, а 2011-та беше најдобар забивач: