ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Блесок на Настовски, шампионот тренираше против Шкупи

Блесок на Настовски, шампионот тренираше против Шкупи

сподели
фото: mztskopjeaerodrom.mk

Тинејџерот Андреј Настовски го одбележа последниот натпревар од 13. коло на Првата македонска кошаркарска лига меѓу МЗТ Скопје и Шкупи. Шампионот славеше лесна победа со 99:62, па дуелот дојде како тренинг меѓу два натпревари од АБА лигата.

Настовски доби огромна доверба од тренерот Жељко Лукајиќ и максимално ја искористи потврдувајќи дека е голема надеж на македонската кошарка. На теренот помина речиси 32 минути и беше втор стрелец во својот тим со 16 поени, а импонира слободата што ја имаше бидејќи упати дури 17 шута кон кошот.

Да биде задоволството поголемо, Настовски оствари уште седум скока и девет асистенции, па можеше да влезе во историјата на македонската кошарка со трипл-дабл ефект.

Кај Шкупи дебитираа новите играчи Рендолф и Хил, но од она што го прикажаа, јасно е дека ќе им треба период за адаптација.