ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА БЛАЖЕВСКИ: Дербито го чекаме цела сезона, нема да победи подобриот!

БЛАЖЕВСКИ: Дербито го чекаме цела сезона, нема да победи подобриот!

сподели

Легендата на Работнички и на МЗТ Скопје, играше на хуманитарниот натпревар што беше организиран во Градски парк, се сретна со колегите со кои што ја делеше соблекувалната или против кои што играше, долги години во македонската лига.

Перо Блажевски му ја донесе на МЗТ Скопје најголемата победа, против Реал Мадрид. Во Работнички, освои многу пехари. Во репрезентацијата, беше незаменлив.

Важи за еден од најстандардните и најподготвените кошаркари, што некогаш чекореле на нашите паркети. Го прашавме што очекува од првото вечно дерби сезонава.

„Долго очекувана дерби средба, како за играчите, така и за навивачите. Во ова време навистина на сите им фали адреналин, до одредена количина, за на крај победник да биде кошарката.“

Блажевски играше на двете страни од главниот град и сигурно знае како е и таму, и ваму. Еден е од оние што најдобро знаат, што го решава победникот на вакви средби.

„На вакви натпревари никогаш не победува подобриот и фаворизираниот, туку победува подобро мотивираниот.

МЗТ е мотивиран да докаже пред своите навивачи дека досегашните слабости во домашното првенство беа моментални и дека се минато, а Работнички е мотивиран да оствари победа на гости и да докаже дека неслучајно е шампион и дека и понатаму има такви амбиции.“

Дерби пресметката е на 12-ти ноември (20:15 часот), во СЦ „Јане Сандански“ во скопската населба Аеродром.