ПОЧЕТНА Во позадина БиХ не потсети на финскиот електрошок во Скопје

БиХ не потсети на финскиот електрошок во Скопје

сподели
fiba.basketball

Селекцијата на Босна и Херцеговина беше веќе елиминирана од конкуренција за плсаман на следното СП, но во Зеница водеше против Финците со 21, а сепак на крајот го загуби натпреварот (77:81).

Со оваа победа Финска остана во игра за следниот мундијал, на четвртата позиција во групата К каде што на првите три, што водат на СП, се квалификуваните Франција и Чешка, односно Русија.

Финците до крајот играат со Франција и во последното коло на гости кај Русија, а Русите ќе одиграат и во Бугарија која што исто така е елиминирана, па оваа победа може да не значи ништо.

Аплицирајте веднаш за

Веднаш не стресе флешбекот од квалификациите за ЕП 1997-та година и загубениот натпревар во Градски парк, токму од Финска (94:102). Водевме со +20, но потоа се случи „невозможното“.

Блажевски не спаси по бунарот за три поени и постигна два, по офанзивен скок во последната секунда од регуларниот дел (54:37, 83:83), но во продолжението потклекнавме.

Финска беше последна, Италија и Словенија се пласираа на ЕП, а Македонија остана на третата позиција со три бода помалку од Словенците, кои што паднаа во лименката во Аеродром (73:59).