ПОЧЕТНА Други лиги Битолчани згрозени од она што го виделе во Струга

Битолчани згрозени од она што го виделе во Струга

сподели
фото: од архивата на КК Хераклеа (Facebook)

Реакцијата на КК Хераклеа ви ја пренесуваме во целост:

Недела. Натпревар во Струга имаме со екипа која е во долниот дел на табелата во гости. Влегуваме во салата Нико Нестор внатре се игра натпревар во темница!!! Не испраќаат домаќините во подземен бункер да се преслечиме без ВЦ и закачалки. Се смееме, дојдовме со пет победи со ред, подобри сме многу ќе докажиме на терен.

Излегуваме на терен сеуште работат четири сијалици во цела сала. Но, ајде салата е регистрирана за натпревар во МКФ сеуште ќутиме. Поминува времето за почеток на натпревар, официјалните лица сеуште ги нема. Имаат втора лига натпревар во Кавадарци од 13 часот и доаѓаат кај нас и тука да судат.

Аплицирајте веднаш за

Еден државен судија кој треба да ја држи утакмицата, еден 25 годишен без стаж на вакви натпревари и еден со прекумерна тежина прв пат го гледаме сите. Во ред е продолжуваме. Прво полувреме нерешено. Секој влез со контакти, под фаул. Фаул нема.

Второ полувреме, а ние веќе добиваме закани од играчи домашни (Узуновски), тренерот на домашната екипа и цела трибина која се наоѓа на нецели метро од нашата клупа. Последни минути од натпревар на водство наше досуден непостоечки фаул и две слободни за нив.

Митревски има три персонални фаули и е досуден техничка на него, а немаше ни збор изустено, ни говорот на тело за техничка. Од записничка сигнал 5та лична врз Борче. Зошто??? Три имаше! Секој напад времето рестартирано и секој напад им трае 30 секунди. На време и 24 и 14 ставени трето одделение деца. Смеат да бидат на записничка и да ни ја диктираат судбината???

фото: од архивата на КК Хераклеа (Facebook)

На крај изгубивме.

Во екипата имаме професионален тренер кошаркар со 25 годишна кариера, играч професионален кој неколку пати беше топ 5 играчи во Прва Лига, професионален интернационален судија и играч, 6 други играчи со прволигашки искуство и тренер кој 40 години води екипи прволигашки. Никој вакво непрофесионално нешто немаме видено…

Ве молиме МКФ преземете нешто, барем на другите екипи да не им се случува ова. Ве молиме.

(НАПОМЕНА: Реакцијата е преземена во целост, без замени и дополнувања.)