ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА БИТОЛЧАНИ ЗА ИНЦИДЕНТОТ: Ќе има ли санкција за сторителите?

БИТОЛЧАНИ ЗА ИНЦИДЕНТОТ: Ќе има ли санкција за сторителите?

сподели
Содржината на транспарентите е цензурирана, поради содржина непозната за нашата редакција.

Екипата на Пелистер била нападната од навивачите на Шкупи по завршувањето на прволигашкиот натпревар во салата во Чаир, а битолскиот тим реагира на настаните.

„По завршувањето на мечот ни беше речено да чекаме да се испразни салата. Тогаш почна канонада од шишиња и петарди кон нас, беше фрлена некаква експлозивна направа. Во афект, едно шише од нашата клупа одлета кон трибината.

Тогаш се случи класичен напад на нашата екипа, од страна на навивачите кои што влегоа на теренот беа удрени член на раководството и играч, кои што имаат полесни повреди. Не сакавме физички да се пресметуваме и се повлековме. Нашиот Американец на почетокот се смееше, а потоа се чудеше што се случува.

На претходниот натпревар со Шкупи, во Битола, кратко време имаше провокации на национална основа, но бевме казнети и си ја плативме казната. Кај нас немаше и не може да има физички контакт, затоа што се преземени сите мерки на безбедност во нашата сала.

Дали сега МКФ ќе реагира идентично како кон нашата екипа и ќе ги казни сторителите на овој тежок инцидент, кој што за среќа не ескалира во нешто посериозно?“ – велат за basketball.mk, извори од КК Пелистер.