ПОЧЕТНА Евролига Билетите исчезнаа за 90 минути – Реал го очекува пекол!

Билетите исчезнаа за 90 минути – Реал го очекува пекол!

сподели

Првиот натпревар меѓу Панатинаикос и актуелниот европски шампион во Атина ќе се одигра пред преполни трибини во ОАКА арената.

Грчкиот клуб објави дека околу 18 илјади билети се продадени за 90 минути што доволно зборува за возбудата што во себе ја носат фановите на ПАО.

Натпреварот се игра на 23-ти април, а претходно, на 17-ти и 19-ти, Реал ќе го пречека Панатинаикос во првите два четвртфинални дуела од Евролигата.

За пласман на завршниот турнир во Виторија, потребни се три победи. Дуелите меѓу Реал и Панатинаикос ќе бидат најинтересни во првата рунда од плеј-офот.