ПОЧЕТНА НБА Бизарниот план на Лејкерс за трансфер на Адетокумбо…

Бизарниот план на Лејкерс за трансфер на Адетокумбо…

сподели
фото: Bleacher report

Малкумина можеа да го разберат потегот на франшизата од Лос Анџелес кога раководството одлучи да го постави Франк Вогел за главен тренер, а Џејсон Кид за еден од неговите помошници иако легендарниот поранешен кошаркар веќе има искуство од самостојно водење екипи.

Но, зад тоа стои една многу повисока цел на Лејкерс. Според најавите Џејсон Кид треба две години да биде помошник, а потоа прв тренер на втората најтрофејна франшиза во НБА лигата.

Некогашниот плејмејкер, всушност, доаѓа во Лос Анџелес за да работи на трансферот на Јанис Адетокумбо. Под негово водство грчкиот ѕвер играше 3,5 сезони во Милвоки Бакс иако без поголем успех на тимско ниво, односно кога станува збор за плеј-офот.

фото: AP Photo/Rich Pedroncelli

Оние што го познаваат Адетокумбо тврдат дека тој уживал под водство на Кид. Во дебитантската сезона постигнуваше само по 6,8 поени по натпревар, а веќе во следната, кога Кид ја презеде тренерската функција двојно го зголеми својот просек. Пред да си замине тренерот, Гркот веќе беше Ол-стар со ефект од 22,9 поени и 8,8 скока по натпревар.

И покрај тоа, под водство на Кид, Милвоки ниеднаш немаше подобар биланс од 42:40, додека сега, кога на клупата е Мајк Баденхолцер, сезоната ја заврши со 60:22. Адетокумбо е еден од тројцата кандидати за МВП признанието.

И по заминувањето на Кид тој остана во добри односи со Адетокумбо и затоа во Лејкерс го гледаат како главен фактор за трансферот на грчкиот кошаркар. Дали до тоа навистина ќе дојде, никој не знае, но екипата од Лос Анџелес има основа да се надева дека ќе успее во својата намера.