ПОЧЕТНА Избор на уредникот Бетмен и Робин и чичкото од ОЗ

Бетмен и Робин и чичкото од ОЗ

сподели

Има нешта без кои што едноставно не се може. МЗТ Скопје Аеродром не може без Дамјан Стојановски, Бојан Трајковски и Александар Тодоров.

Така велат бројките, кои што скоро никогаш не лажат. Невистинити се само кога се алиби, но овие што ќе ги споменеме, се и тоа колку реални.

Аплицирајте веднаш за

Кога играат Бојан и Дамјан, МЗТ победува. Сезонава, тоа е факт. Погледнете ја тимската статистика на МЗТ Скопје во АБА лигата.

Имаат најмногу минути, најмногу поени. Трајковски троши топки за 2 поена, но сите одат кај него. Тој презема одговорност во клучните моменти. Стојановски држи висок процент и за 2 и за три поени, особено за тројка.

aba-liga.com

Кога се во елемент Стојановски и Трајковски, односно Трајковски и Стојановски, тогаш тешко на противникот.

Бојан се изнапромаши против Игокеа, но кога требаше брцна тројче. Дамјан промашуваше на претходните натпревари, но сега промаши само два шута и постигна 23 поени.

Статистиката на Дамјан Стојановски, aba-liga.com

А тој што треба да го издржи сето ова, се вика Александар Тодоров. Не е стратег со европска или светска титула, нема ниту силен меѓународен куп (освен БИБЛ 2009 со Рилски), но има храброст да го трпи Бојан и да го чека Дамјан.

Да му даде доверба на Бобан Стајиќ кој што ги имаше двете додавања при клучните тројки што ги постигнаа двајцата претходноспоменати, на мечот со Игокеа.

Не е ни битна таа победа, битно е дека МЗТ Скопје игра. Многу е важно, односно есенцијално, што екипата од Аеродром победи на најнепредвидливиот терен во регионалната лига, каде што паѓаат и поголемите, многу поголемите.

Само малку (повеќе!!!), МЗТ Скопје треба да запне во одбрана, зашто еднаш годишно е Велигден и се победува со 99 примени поени, односно 108 постигнати. Освен, ако не си Голден Стејт. А, не си.

Статистиката на Бојан Трајковски, aba-liga.com

Во еден претходен текст, кој што слично на овој, беше излив на чисти кошаркарски емоции, без каква било друга насока, кажавме дека Тодоров е волшебникот, а Дамјан е зајакот од шеширот.

Кога го читале текстот (на мобилните) случајно ги баравме на Вибер, Вајбер или како и да се вика тоа чудо од апликација. Зборувавме со Тодоров и го прашавме што прави, а тој ни рече дека се вози со зајакот во лифт.

Во меѓувреме, Дамјан од зајак порасна во Робин, а Бојан се разбуди и ја извади од под креветот, наметката на Бетмен. Дамјан е Робин само затоа што е малку помал од Бојан. И затоа што му беше голема наметката.

А маѓионичарот, стана волшебник, оној чие што лице никогаш не го видовме, а го чекавме цела серија која што траеше две години и повеќе, кога бевме деца. Само гласот му го слушавме во позадина, на волшебникот од Оз.

Улогата на Дороти Гејл, загубеното девојче кое што сака да се врати дома, ја делат другите играчи на МЗТ Скопје, особено домашните, нашите, македонските и секако навивачката група Фемили, која што крши телевизори по-куќи (ова е акцентска целост) и рика на тераса, наместо да ги надмине сите бариери од минатото кои што полека се рушат и да се врати таму каде што и е местото.

Помогнете им на тројцава што, за наши услови, со право ги величаме, да ви го осветлат патот, да не биде дека на-празно пишуваме. Креираме наша виртуелна реалност, во која што треба да учествуваме сите, за општо добро…

(НАПОМЕНА: Во текстот е користен сленг.)