ПОЧЕТНА Свет Белоруски шок за шампионот, Коцкестите конечно победија, Србите се спасуваа од резил

Белоруски шок за шампионот, Коцкестите конечно победија, Србите се спасуваа од резил

сподели
FIBA

На 15 секунди до крајот на натпреварт беше незивесно, домашните погодија за 93:91, а потоа Клемен Препелиќ погоди само едно од двете слободни и Словенија го забележа вториот пораз во квалификациите за СП, со 93:92.

Белорусите одиграа тесен натпревар и со Шпанците (82:84), кои што победија против Црногорците со 79:67. Шпанија има 6 бода од три меча, Словенија 6 од 4, Белорусија 5 од 4, а Црна Гора 4 бода од 3 меча во групата А.

Хрватска конечно победи, во 4-тиот обид во мундијалските квалификации славеше против Холандија со 82:78 и се изедначи со оваа селекција според бодовите, но има послаб меѓусебен скор (68:61) во групата Д.

Аплицирајте веднаш за

Плејмејкерот на Варезе, Алекса Аврамовиќ и ја спасуваше кожата на Србија на мечот со Австрија, со тројка во последните секунди за 81:82 во Виена.

FIBA

Германците победија на гости кај Грузија со 77:87, со што заедно со Србите обезбедија пласман во следната фаза од квалификациите.

Сигурни во следниот круг се и Грците кои што славеа против Велика Британија со 75:70, односно Французите кои што победија против Белгија со 64:49.