ПОЧЕТНА Европски првенства Белгија се пласира во квалификациите за ЕП

Белгија се пласира во квалификациите за ЕП

сподели
fiba.basketball

Одличната последна четвртина им обезбеди победа на Белгијците (60:70), на гостувањето во Португалија, со што ја заверија првата позиција во Групата Ц и ќе играат во последниот филтер за плсаман на следното ЕП.

Белгија му дозволи на домаќинот само 4 поени во последните 10 минути (4:20), има 6 бода од три меча, па и со евентуален пораз од Исланд во последното коло ќе има 7 бода, што значи бод повеќе од максималните што може да ги освои Португалија.

Против селекцијата на Белгија (1), нашата (2) во квалификациите за ЕП 2015-та, со тројката на Марко Симоновски на 2 секунди до крајот на продолжението во Скопје, обезбеди победа во првото коло, што се покажа како клучен триумф за втората позиција во групата и за последното наше учество на континенталните собири.

Wikipedia
Аплицирајте веднаш за

Белорусија ја совлада Данска со 79:84, во рамките на групата А. Данците имаат 5 бода на врвот, следува Белорусија со 4 бода, пред Шведска со 3 бода.

До крајот во оваа група остануваат мечевите Шведска – Данска и Белорусија – Шведска. Данска, со победа, обезбедува пласман во квалификациите.

Австрија го совлада Кипар со 61:71 и со три победи е на врвот на табелата во групата Д, во која што остануваат двата меча меѓу Кипар (2 бода) и В. Британија (1 бод), односно дуелот Австрија – В.Британија.