ПОЧЕТНА Други репрезентации Без најголемото засилување, за простор за останатите

Без најголемото засилување, за простор за останатите

сподели
mkf.mk

Селекторот на женската сениорска репрезентација, Марјан Лазовски, го скрати списокот на повикани кошаркарки на кои што ќе смета за претстојните натпревари, во рамките на квалификациите за Европското првенство.

За првиот собир, закажан за 12-ти ноември, со почеток во 20:00 часот во малата сала при спортскиот центар „Јане Сандански“, предвидено е да се појават 13 имиња.

На списокот на Марјан Лазовски, се:

1. Анџелика Митрашиновиќ
2. Ивона Пејковска
3. Ана Тантуровска
4. Софија Лазареска
5. Александра Стојановска
6. Ивана Кметовска
7. Матеа Николиќ
8. Јована Петрушевска
9. Јелена Антиќ
10. Цветанка Димова
11. Анамарија Шеќероска
12. Ивона Кожобашиовска
13. Кристина Јаневска

Аплицирајте веднаш за

Меѓу повиканите ја нема Дјуана Бонер, американската интернационалка која што неодамна беше натурализирана и доби право на настап за нашата репрезентација.

Најверојатно, таа не е повикана со оглед на тоа што сме веќе елиминирани од понатамошен прогрес и шанса ќе им се даде на други(те) кошаркарки, да го почувствуваат националниот дрес и да играт за нашата А селекција.

Македонија е на последната позиција во групата Х, без шанса за пласман затоа што по 4 средби имаме 4 порази. До крајот ќе одиграме уште два натпревара, против Шведска (17-ти ноември) и кај Хрватска (21-ви ноември).