ПОЧЕТНА Колумни Бевме почитувани, со нетрпение се очекуваше секој новитет во играта на Работнички

Бевме почитувани, со нетрпение се очекуваше секој новитет во играта на Работнички

сподели

Во времето кога Работнички зачекори во елитното друштво, во Скопје владееше вистинска кошаркарска еуфорија. Салата во Градскиот парк беше мала и претесна да ги собере сите вљубеници на кошарката.

Од многуте мечеви одиграни во богатата кариера, Радосављевиќ се сеќава на една сезона кога ги победија сите белградски прволигаши, и тоа во низа.

„Најнапред жртви ни беа Раднички и Беко, а потоа на ред дојдоа Црвена звезда и Партизан. Љубителите на кошарката со неверување ја проследија оваа наша серија и се прашуваа што се случи, каков феномен беше тоа!

Сплотеноста, другарството, мотивацијата и публиката која беше нашиот шести играч направија да одиме напред и да бидеме цврст орев за секој противник. Сите кон нас почнаа да гледаат со почит.“ – вели Драган Радосављевиќ.

Содржината и фотографијата се преземени од Нова Македонија, а комплетното интервју може да го прочитате на следниот линк.