ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА БАЈКАТА ПРОДОЛЖУВА: МАКЕДОНИЈА Е ВО ПОЛУФИНАЛЕ

БАЈКАТА ПРОДОЛЖУВА: МАКЕДОНИЈА Е ВО ПОЛУФИНАЛЕ

сподели

Кадетската репрезентација на Македонија е меѓу четирите најдобри на Европското првенство Б-дивизија во Сараево.

На исклучително драматичен начин, нашите млади кошаркари ја совладаа Романија со 74:71 и ќе се борат за пласман во А-дивизијата. Исходот од мечот беше неизвесен до последната секунда, делумно и поради наши грешки, но на крајот најважна е победата.

А, таа е сосема заслужена ако се знае дека македонската репрезентација водеше од почетокот до крајот. Во првата четвртина со 15:5 благодарение на одличната и агресивна одбрана под двата коша.

Аплицирајте веднаш за

Романија во вториот период се закани, неколку пати се доближи на само еден посед негатива, но нашите го издржаа притисокот и пред крајот на полувреме повторно поведоа со двоцифрена разлика (52:42).

Колку и да се трудеше противникот, македонските кошаркари упорно ја одржуваа предноста, не паднаа психолошки во ниеден момент. Во последните десет минути се одвиваше вистинска драма.

Романија прво се доближи на 56:57 по што следуваше серија од 6:0 на македонската селекција. На три минути пред крајот поведовме со осум разлика (67:59) и се чинеше дека се е готово.

Но, Романците не се предадоа, беа упорни и на 23 секунди пред крајот дојдоа на само еден поен негатива (71:72). И потоа ја направија најголемата грешка. Место веднаш да направат лична грешка, ни дозволија 16 секунди да ја вртиме топката низ теренот пред да го фаулираат Миловановиќ и да го испратат на линијата за слободни фрлања.

Нашиот кошаркар беше непогрешлив, погоди два пати и ги уништи сите надежи на противникот.

Миловановиќ со 21 поен и 12 скока ја предводеше македонската селекција, одличен натпревар одигра и Богдан Мирковски со 17 поени и 11 скока, но најголема заслуга за победата има стручниот штаб.

Направи одличен скаутинг на противникот и ја анулираше најголемата предност на романската репрезентација – скокот. Нашите кошаркари беа фантастични под кошевите, направија девет скока повеќе и тоа беше еден од елементите за победата.

Противник во полуфиналето ќе ни биде домаќинот Босна и Херцеговина, ќе биде многу тешко, но нашите момци покажаа дека можат со секого. Веќе се во серија од пет победи на ова првенство.