ПОЧЕТНА ЕВРОПА Басконија поведе среде Мадрид

Басконија поведе среде Мадрид

сподели
ACB.com

Гостите имаа предност во поголемиот дел од мечот, на влезот во последниот период големи за вакви натпревари 9 позитива, го преживеаја обидот за пресврт на домаќините и поведоа со 1:0 во финалната серија во АЦБ лигата.

Домаќинот на следниот Евролига финален турнир победи со 90:94, пред се поради одличната трета четвртина што заврши со 19:28.

Европскиот шампион успеа да ја анулира споменатата негатива и да поведе, но екипата од Виторија ја оствари целта со која што дојде во престолнината, каде што во овој прв бран ќе се игра уште еден меч.

Аплицирајте веднаш за

Гладната Басконија, како што ја нарекуваат шпанските колеги поради жедта за титулата кај овој тим, ја предводеше аргентинскиот интернационалец Лука Вилдоза кој што постигна 16 поени, со само едно промашување од игра.

Поире постигна 13 поени, по 12 имаа капитенот Шенгелија (7 скока) и Тима, по 11 реализираа Фојтман (7 скока) и Бубоа.

ACB.com

Керол имаше 20 поени кај домашните, Љуљ постигна 14, по 12 имаа Дончиќ (6 скока, 4 асистенции) и Таварез.

Следниот меч се игра за два дена во Мадрид, а потоа серијата до 3 победи (2-2-1-1-1) се сели во Виторија.