ПОЧЕТНА ЕВРОПА Барселона остана на врвот и покрај поразот, односно победата на Реал

Барселона остана на врвот и покрај поразот, односно победата на Реал

сподели

Каталонците загубија од претпоследната екипа на табелата во АЦБ лигата, по што вечниот ривал од Мадрид, со триумфот кај Андора, им се доближи на само една победа на врвот на табелата.

Букер и Дојл со 18, односно 13 поени ја предводеа Мурсија до триумф (71:70) со кој што може да се надеваат дека ќе преживеат во Шпанија. Курич ја предводеше Барселона, со 14 поени.

Блауграна ја прекина низата од 7 победи, а Кралскиот клуб се ревитализира по евролигашкиот пораз од Барселона и славеше со 66:87, победа што ја диригираа Керол со 15, односно Љуљ и Кампацо со по 14 поени.

На табелата во Шпанија, Барса има 17/4, додека Реал Мадрид има 16/5 по 21-но одиграно коло, од вкупно 34. Овие два тима играат уште еден меѓусебен дуел, на 24-ти март во Мадрид.