ПОЧЕТНА Евролига Барса ќе се обиде да ја покори Европа со играч од НБА...

Барса ќе се обиде да ја покори Европа со играч од НБА лигата

сподели
AFP

Една деценија ќе помине откако каталонската гордост последен (втор) пат триумфираше во Евролигата.

Последните сезони е во длабока сенка на Реал Мадрид кој освојува титули и во домашното првенство и во елитното европско натпреварување и се чини дека во Барселона веќе им дојде преку глава од тоа.

Полека почнаа да го градат ростерот под водство на Светислав Пешиќ, финалето од АЦБ лигата ќе покаже до каде дошле во однос на Реал, но без разлика на исходот челниците на Барселона најавуваат пеколно лето на трансфер-пазарот. Шпанските медиуми тврдат дека веќе е договорен Кори Хигинс од ЦСКА кој ќе добие договор за 10,6 милиони евра, а веќе траат преговорите со поранешниот член на клубот Алекс Абринес.

Шпанскиот репрезентативец го носеше дресот на Барса од 2012 до 2016 година по што замина во Оклахома Сити Тандер. Таму не се прослави иако одигра 185 натпревари, во февруари беше отпуштен и оттогаш е слободен играч.

Се очекува двајцата да бидат претставени по завршувањето на финалето во шпанското првенство кое почнува на 15-ти јуни.