ПОЧЕТНА Евролига Барса почна со создавање шампионска екипа

Барса почна со создавање шампионска екипа

сподели
фото: Euroleague

Девет години каталонскиот клуб чека титула во Евролигата, досега има само две, а последните сезони не успева ни да се „дотркала“ до завршниот турнир.

Уште повеќе боли доминацијата на Реал и во шпанската и во европската кошарка, па раководството на Барселона ќе се обиде во новата сезона да направи екипа која ќе се бори за сите титули.

Прв чекор кон тоа е се поверојатниот трансфер на американскиот интернационалец од ЦСКА, Кори Хигинс. Весникот АС тврди дека е постигнат договор и тој ќе се пресели во Блауграна претстојното лето.

Хигинс е член на ЦСКА веќе четири години, со оваа екипа освои две титули во Евролигата, а сезонава просечно постигнуваше по 14,8 поени по натпревар.