ПОЧЕТНА Евролига Барса повторно го кутна Реал, ЦСКА втор пат го совлада Олимпијакос

Барса повторно го кутна Реал, ЦСКА втор пат го совлада Олимпијакос

сподели
euroleague.net

Кралскиот клуб го претрпе вториот пораз по ред и четврти на последните пет натпревари, од вечниот ривал Барселона, со 77:70.

Анте Томиќ беше инспираторот на победата со 22 поена и со 13 скока, односно 3 асистенции. Го следеа Томас Ертел со 17 поени и 10 асистенции, односно Кајл Курич со 15 поени.

Кај поразнеите, Руди Фернандез имаше 15 поени.

euroleague.net

ЦСКА Москва славеше и на гостувањето во Пиреја, сега далеку поубедливо со 81:97, во вториот сезонски дуел (69:65) со грчкиот претставник во Евролигата.

Кори Хигинс имаше 18 поени за победникот, Де Коло имаше 2 помалку, Родригез постигна 15 со 12 асистенции, Кајл Хајнс имаше исто така 15 поени, но со 5 скока, а Клајбурн имаше 14 со 8 скока.

Кај поразените, Василис Спанулис кој стана само петтиот играч во историјата со 300 Евролига натпревари, имаше 14 поени со 7 асистенции. ЛеДеј постигна 21, Принтезис имаше 12 поени.

euroleague.net

Баерн Минхен ја прекина низата од два пораза и победи на гостувањето во Подгорица, со 75:89 против Будуќност. Владимир Лучиќ имаше 18 поени со 7 скока кај победникот, Едвин Џексон имаше 19 поени (5 тројки) кај поразените.

На табелата, Фенербахче останува на врвот со 21/3, следуваат ЦСКА со 19/5 и Реал Мадрид со 18/6. Овие три екипи обезбедија и математички пласман во доигрувањето.

Гран Канарија, Будуќност и Дарушафака се последни три екипи на табелата и елиминирани од понатамошно натпреварување.