ПОЧЕТНА Евролига Барса напредува, Жалгирис засилува, ЦСКА диктира

Барса напредува, Жалгирис засилува, ЦСКА диктира

сподели
euroleague.net

Барселона успеа да се закити со гостинска победа, кај Дарушафака во Истанбул со 71:79. Каталонците врзаа две победи по воведните два пораза. Последните 10 минути имаа 7:21, што беше клучот за победата.

Жалгирис се враќа од Атина со победа против Панатинаикос, со 83:87 по продолжението од 5 минути, докажувајќи дека во Евролига веќе нема фаворити или домашен терен.

euroleague.net

Литванците водеа и со 17 поени во вториот период на гостувањето во ОАКА арената, а ова беше нивна прва победа против детелинките, во новиот век.

Аплицирајте веднаш за

ЦСКА славеше на гостувањето кај Гран Канарија, Нандо Де Коло повторно беше несопирлив со 22 поена и со 6 асистенции, а го следеа Кори Хигинс со 17 поени и Отело Хантер со 16 поени и 6 скока.

euroleague.net

Руската машинерија има има 4 победи во 4 меча, на врвот на табелата е на втората позиција и е единствената непоразена екипа, заедно со актуелниот шампион, Реал од Мадрид.