ПОЧЕТНА Евролига Барса и ЦСКА се во серија, ПАО напредува, Макаби се искуба против...

Барса и ЦСКА се во серија, ПАО напредува, Макаби се искуба против Будуќност

сподели
euroleague.net

Барселона врза четири победи, со тримфот 85:90 во Медиоланум Форум во Милано, против Армани. Томас Ертел го предводеше победничкиот тим со 21 поен и 6 асистенции, кај домашните Мицов и Џејмс имаа по 20 поени.

euroleague.net

ЦСКА победи втор пат во низа на гости, со 65:80 кај Дарушафака во Истанбул. Русите остануваат на третата позиција со 13/4, Турците останаа на дното со само две победи. Де Коло имаше 17 поени за победникот, Озмизрак имаше 13 кај домашните.

euroleague.net

Панатинаикос напредуваше со победата 77:67 против Баерн и се наоѓа на 8-та позиција што последна води во плеј-офот, со ист скор (8/9), но со подобра кош разлика од противникот. Папапетру имаше 18 поени за победникот, Калатес 14 со 11 асистенции. На спротивната страна, Дерик Вилијамс беше единствениот двоцифрен стрелец со 21 поен.

euroleague.net
Аплицирајте веднаш за

Макаби извлече победа против Будуќност со 81:76, иако губеше со двоцифрена негатива во раната фаза од мечот. Норис Кол постигна 25 поени за гостите, против поранешната негова екипа, а Скоти Вилбекин го предводеше добро избалансираниот тим на Гордоста на Израел, со 16 поени.

euroleague.net

На врвот на табелата и покрај поразот во ова коло, останува Феенрбахче со 15/2, пред исто така поразениот Реал Мадрид и пред ЦСКА Москва. На дното се Дарушафака и Будуќност, фаворизираните екипи остануваат во плеј-оф зоната до осмата позиција.

euroleague.net

Во следното коло, во истанбулската програма Фенер игра против Жалгирис, а Анадолу со Химки. Басконија се соочува со Гран Канарија во шпанската пресметка, Барса со ПАО и ЦСКА против Макаби во олд-скул двобоите, Баерн игра со Армани, а Будуќност и Дарушафака ќе бијат битка за избегнување на последната позиција.