ПОЧЕТНА Младински лиги Балкан го освои турнирот во „Кале“

Балкан го освои турнирот во „Кале“

сподели
И претходните два турнира ги освои Балкан (фото: КК Вардар)

Балкан Ботевград е победник на третиот турнир од М-12 Балканската лига чиј организатор беше Кошаркарскиот клуб Вардар, а се одржа во Спортско рекреативниот центар „Кале“.

Убаво искуство за младите кошаркари (фото: КК Вардар)

Во финалето, бугарскиот тим го совлада домаќинот со 84:56. Балкан ги освои и претходните два турнира кои се одржаа во Ботевград и Пловдив.

За најкорисен играч беше прогласен членот на Балкан, Александар Гавалјугов кој во финалето постигна 40 поени. Тој е еден од најголемите таленти во регионот и за него е заинтересиран Реал Мадрид.

Александар Гавалјугов без конкуренција беше најдобар играч на турнирот (фото: КК Вардар)
Аплицирајте веднаш за

Следниот турнир од Балканската лига ќе се одржи во Србија, а фајнал-форот во Ботевград.