ПОЧЕТНА Во позадина Балканскиот самоуништувачки менталитет: Гробари сами против себе, едни на други, со палки...

Балканскиот самоуништувачки менталитет: Гробари сами против себе, едни на други, со палки и ножеви!

сподели
StarsSport, B92

На натпревар од АБА лигата, на кој што нивната екипа победи и останува во битката за место што води во плеј-офот, навивачите на белградски Партизан уште еднаш го демонстрираа она што не прави такви какви што сме.

Генерализираме, велиме ние, затоа што и ние сме во истиот кош.

Во салата „Александар Николиќ“ (поранешен Пионир) се појавија две навивачки фракции. Едната беа „Гробари“, или вистинската, а другата беа „побуњени Гробари“, или бунтовничката.

Аплицирајте веднаш за

Според информациите од соседна Србија, таа другата, невистинската фракција сака превласт на југ, односно на трибината на која што традиционално навиваат најзагреаните симпатизери на црно-белите.

StarsSport, B92

Ова е втор пат да се појават двете фракции на еден натпревар, по дуелот меѓу Партизан и Задар во декември. Немаше пресметка меѓу групите, иако полицијата на Србија информира дека поради интервенцијата на жандармеријата биле спречени инциденти.

Неколку часа пред почетокот на натпреварот, на пат кон Пионир се упатил автобус од Крушевац во кој што имало 50-тина алкохолизирани лица кои што биле наоружани со бејзбол палки и ножеви, а воедно била разбиена и поголема група во Нови Београд (новиот дел на Белград) која што исто така се упатила кон салата.

StarsSport, B92

На трибините во салата имаше секакви транспаренти, со секаква содржина, само не со спортска. А тоа беше кошаркарски натпревар. А кошарката е спорт.

Највпечатлив беше српскиот превод на латинската (римска) изрека „Hanibal ante portas“ или „Hanibal ad portas“ – „Ханибал је пред вратима“.

Истакнат беше од страна на бунтовниците, во превод значи Ханибал е пред портите, изреката била користена во стариот Рим како предупредување дека се заканува голема опасност, како онаа од феникијскиот војсководец Ханибал од Картагина кој што за малку ќе го урнел римското царство.

StarsSport, B92

Предводник на новата фракција е некогашниот лидер на Гробари, Милош Радисављевиќ Кими кој што сега го водел навивањето на „другата страна“.

И пред крајот, да не заборавиме да кажеме дека Партизан ја совлада гостинската екипа Мега Бемакс со 83:79.

Ова е победа со која што црно-белите остануваат во игра за четвртата позиција на АБА табелата, со 10 победи и 9 порази, зад Морнар со 12 победи и 7 порази, на три кола до крајот на регуларниот дел од сезоната.

Partizan NIS, aba-liga.com

А, на крајот, ќе си ги поставиме прашањата на кои што никогаш нема да добиеме одговор:

Каде тргнале хулиганите, како што ги нарекува полицијата?

Зошто носеле палки и ножеви?

Зошто навивачите се организираат во групи и прават фракции?

Дали спортските арени се местото за такви поделби и сето она што произлегува потоа?

Има ли пилот во авионов и „куда плови овај брод“, во кој што сме сите ние од регионов, заедно?

(Во текстот е користен сленг и се позајмени кованици од други јазици. Делумно преземено од B92.net)