ПОЧЕТНА БИБЛ Балканот се прошири до Казахстан

Балканот се прошири до Казахстан

сподели
Тимот на Барси е прв од Казахстан што ќе игра во БИБЛ

На денот кога почнува новата сезона во БИБЛ лигата, регионалното натпреварување доби уште еден член.

Не се работи за екипа од Балканот, туку од далечниот Казахстан. Барси Атирау ќе биде првиот учесник од оваа држава во БИБЛ лигата.

Клубот е основан во 2003 година, но веќе има неколку трофеи, а најголемите успеси му се шампионските титули во домашното првенство во 2011 и 2016 година.

Кожув нема да патува до Казахстан, но ќе има можност да игра против интересна екипа
Аплицирајте веднаш за

Одлучено е другите шест екипи да не патуваат до Казахстан, туку Барси своите натпревари како домаќин да ги игра во Косово и Бугарија. Во периодите кога е на Балканот ќе игра по неколку натпревари во серија.

Изменетата програма ќе биде готова идната недела, но се знае дека Барси ќе игра во четири прозорци: од 19 до 23 ноември, од 6 со 12 јануари, од 27 јануари до 3 февруари и од 3 до 9 март.

Во БИБЛ лигата оваа сезона ќе има еден претставник од Македонија, тимот на Кожув. Својот прв натпревар гевгеличани ќе го одиграат на 24 октомври на гости кај Берое.