ПОЧЕТНА Женска кошарка Бадел 1862 повторно е шампион

Бадел 1862 повторно е шампион

сподели
фото: MKF

Екипата на Бадел 1862 ја продолжи доминацијата во Првата женска кошаркарска лига.

Петти пат во низа, тимот од Кисела Вода ја освои титулата откако во финалето, со вкупни 3:0 беше подобар од освојувачот на Купот, Вардар. Вториот натпревар од серијата која почна со водство од 1:0 за шампионот, му припадна на Бадел 1862 како гостин со 76:55.

фото: MKF

Вардар беше рамноправен противник во првото полувреме и постојано резултатски беше блиску. Во продолжение гостинската екипа го наметна своето темпо и заслужено стигна до победата.

Аплицирајте веднаш за

Александра Стојановски беше прогласена за најкорисен играч во финалната серија.