ПОЧЕТНА Други лиги Бадел на чекор до титулата

Бадел на чекор до титулата

сподели

Кошаркарките на актуелниот македонски шампион се на еден натпревар до одбрана на тронот, по победата против Вардар во првиот натпревар од финалната серија.

Бадел славеше со 61:51, а со пренесениот 1 бод од лигашкиот дел од сезоната, води со вкупни 2:0 во серијата до три победи.

И покрај најавите дека е повредена и нема да игра, Едина Муса сепак настапи за црвено-црните, но не успеа да го спречи поразот во првиот меч.

Аплицирајте веднаш за

Бадел е четирикратен шампион на нашата земја и е на добар пат да ја освои 5-та титула во низа.

Екипата на Вардар последните две сезони триумфира во Националниот Куп на РМ, токму против Бадел, но се уште нема освоено титула во домашното првенство.