ПОЧЕТНА Некатегоризирана АТАМАН: Да се обединат сите турци!

АТАМАН: Да се обединат сите турци!

сподели
фото: Anadolu Efes

Тренерот на Анадолу Ефес беше во елемент по завршувањето на полуфиналниот дуел со Фенербахче и убедливата победа со 73:92.

Неговите изјави наликуваа на изјавите на тренерите што едвај чекаат да скинат некој голем скалп:

„Ние игравме како Голден Стејт, ЦСКА е како Милвоки, а Обрадовиќ и Фенер се како Попович и Сан Антонио. Досега немам пораз во финалињата.

Ги повикувам сите турски навивачи што се во Виторија да навиваат за нас, затоа што кога се вее турското знаме, не смее да има предрасуди по ниту една основа.“ – рече тренерот на истанбулската екипа, на пресот по завршувањето на мечот.

Ова ќе биде прво финале за турскиот тренер кој што има титули во Сапорта (2002), Еурчелинџ (2012) и во Еврокупот (2016).