ПОЧЕТНА Интернационалци Астана пак победува

Астана пак победува

сподели

По двата пораза во низа, казахстанскиот претставник во ВТБ лигата, предводен од Емил Рајковиќ дојде до 15-тата победа оваа сезона во регионалното натпреварување.

На домашен терен го совлада Јенисеј со 95:89 и се зацврсти на петтата позиција на табелата. Во последното коло од основниот дел се среќава со Зенит и потоа ќе се знае дали во првата плеј-оф рунда ќе игра со Химки, Уникс или Локомотив Кубањ.

Војдан Стојановски одигра одличен натпревар за Олденбург кој на домашен терен славеше против Вурцбург со 109:93.

За речиси 22 минути на теренот, нашиот репрезентативец постигна 14 поени со само едно промашување од поле (6/7) и едно од линијата за слободни фрлања (6/7). Со три натпревари повеќе од Алба, Олденбург е второпласиран и има шест бода предност пред овој тим. До крајот на основниот дел од првенството остануваат пет кола.

фото: Хувентуд

Во мала криза влезе Хувентуд на Нено Димитријевиќ кој го доживеа четвртиот пораз во последните пет кола. Да биде проблемот поголем, загуби од „фенерџијата“ Гипускоа со 89:86.

Нашиот кошаркар не постигна поени за нешто помалку од седум минути на теренот. Каталонскиот тим е на седмата позиција на табелата на шест кола пред крајот на сезоната.