ПОЧЕТНА АБА АРСИЌ: Предупредив дека во Скопје не смееме да бркаме бодови!

АРСИЌ: Предупредив дека во Скопје не смееме да бркаме бодови!

сподели
фото: МЗТ Скопје Аеродром / Петр Стојановски

Поранешниот селектор на македонската А репрезентација, не го криеше воодушевувањето од стилот со кој што македонскиот претставник му приоѓа на предметот АБА 2.

Борац од Чачак важи за еден од кандидатите за висок пласман, но од нашиот главен град си заминува со висок пораз (82:57).

„Екипата на МЗТ Скопје сезонава игра одлично на домашен терен, тоа е евидентно во овие два први натпревара.

Им сугерирав на моите играчи дека не смееме однапред да ги планираме бодовите од Аеродром.“

Српските играчи потфрлија во сите елементи од играта, а Арсиќ, не потценувајќи го залагањето на противникот, вели дека неговата екипа се победила самата себеси.

„Очекував далеку подобра игра, разочаран сум од пристапот, но што е, тука е. Примавме лесни поени, немавме енергија во дуелите. Не правевме фаули, така не се игра кошарка.“

Аплицирајте веднаш за

Разликата меѓу овие два тима е во пристапот и во селекцијата, која што е одредена со буџетите и со филозофијата на клубовите.

„МЗТ игра многу убава кошарка сезонава, далеку поубава од минатата сезона, што е одраз на квалитетот на составот.

Ние имаме многу проблеми на почетокот, повреден ни е најдобриот дефанзивец и треба да импровизираме.“

Составот од Чачак не почна како што се очекуваше и по две кола има два пораза, еден дома и еден на гости.

„Не сме фаворити сезонава, затоа што имаме помлада екипа од минатата сезона, кога игравме гранитна одбрана. Но, првенството е долго и ние не се предаваме.“ – рече Арсиќ.