ПОЧЕТНА АБА АРСИЌ: МЗТ Скопје е достоен репрезент на македонската кошарка

АРСИЌ: МЗТ Скопје е достоен репрезент на македонската кошарка

сподели

Го искористивме присуството на поранешниот македонски селектор, во нашиот главен град, да разговараме за мечот што му претстои на нашиот шампион против неговата сегашна екипа, но и за многу други неврзани теми.

Јовица Арсиќ е секогаш ведар, вечно расположен, отворен за разговор и за соработка со сите. Таков беше и додека ја предводеше нашата репрезентација, во квалификациите а потоа и на ЕП 2009-та во Полска.

Аплицирајте веднаш за

Тој ангажман го вивна во тренерските височини, по што српскиот стратег има солидна кариера на клупско ниво. За оние што не знаат, тој беше дел од стручниот штаб на Светислав Пешиќ кога Југославија го освои златото на ЕП во Турција 2001-та година.

Има 49 години, роден е во Лесковац, од неговите клупски успеси ги издвојуваме трите титули со Лукоил во Бугарија и еден Куп во истиот период, меѓу 2010-та и 2015-та.

Составот на Борац доаѓа во Скопје, со надеж дека ќе го преброди киксот од првото коло и поразот од Спарс Сараево во Чачак (80:84).

„Сезонава имаме млада екипа, помлада од минатата сезона. Тоа на некој начин ни го диктира и буџетот, кој што е лимитиран, поради што имаме играчи кои што се уште не се докажани.

На почетокот се соочуваме и со повреди, што е дополнителен проблем за нас.

Потешко е да се ангажираат квалитетни српски играчи кои што не добиле шанса по другите наши клубови, затоа што се скапи и тие најчесто одат во странство.“ – вели Арсиќ за basketball.mk.

Српскиот стратег напомена дека МЗТ Скопје има квалитетна екипа, која што ќе атакува на висок пласман, а особено ги истакна двајцата американски играчи и капитенот Дамјан Стојановски.

фото: МЗТ Скопје Аеродром / Петр Стојановски

Тој соработуваше со Војдан Стојановски во Черкаски Мавпи, a со Дамјан во Лукоил Академик и одлично ги познава двајцата близнаци. Тие воедно соработуваа и во периодот кога Арсиќ ја предводеше нашата репрезентација (2007-09).

„За екипата на МЗТ Скопје имам само пофални зборови, за тоа што се работи тука и за условите што ги има овој тим.

Мислам дека Вудард и Медфрорд се полн погодок. Особено затоа што и двајцата се брзи и прецизни, а се дел од една шутерска екипа која што те напаѓа од сите страни и мора постојано да си фокусиран на сите играчи во полето.

фото: MZT Skopje Aerodrom/Petr Stojanovski

Дамјан Стојановски конечно се враќа во форма, време беше по сите повреди што го следеа низ кариерата.

Тој е огромен талент и потенцијал што одамна ќе играше во силните европски екипи, да не беа повредите кои што го спречија да се развие. Но, тој денес е еден од најдобрите и најопасните играчи на МЗТ Скопје.

Дамјан Стојановски

За Војдан не треба да се трошат зборови. Тој имаше повеќе среќа од неговиот брат во поглед на здравјето, можеби затоа што е малку понизок и што порано се разви во мускулатурата. Тоа се двајца многу квалитетни играчи.“ – вели Арсиќ.

Војдан Стојановски (фото: fiba.basketball)

Српските екипи секогаш атакуваат на врвот во сите натпреварувања во кои што настапуваат, па на прашањето кои се целите на Борац, Арсиќ без размислување одговори – победа на секој натпревар.

„Знаеме дека ќе биде тешко да се пласираме во најквалитетното натпреварување, но мотивите ни се секогаш оние највисоките.

За нашите екипи, сезонава ќе биде тешко да изборат и директен опстанок во АБА2 лигата, затоа што само првите две екипи од српската лига (првиот дел, без АБА лигашите) ќе може да настапуваат во оваа конкуренција и следната сезона.“ – се зборовите на Арсиќ.

Се разделивме пријателски, како и што се сретнавме, по тие 20-тина минути во друштво на еден од најсмирените и највеселите луѓе на планетава Земја.

Му благодариме за одвоеното време и му посакуваме среќа во понатамошниот дел од кариерата. Од вкрстувањето на неговиот кошаркарски пат и оној на нашата кошарка, имаме само позитивни спомени.