ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА АНТИЌ: Ќе составам силен тим од спортисти и бизнисмени

АНТИЌ: Ќе составам силен тим од спортисти и бизнисмени

сподели

Трикратниот европски шампион е нов татко на македонската кошарка и јасно е дека пред него е макотрпна работа за да ја врати на местото каде што беше.

По изборот за претседател, функција на која го замени Петар Наумоски, Антиќ ја даде првата официјална изјава.

„Малку ми е и чудно во оваа улога. Веќе реков, мојата идеја е да составам силен тим од спортисти и луѓе од бизнис-секторот и сите заедно да работиме за кревање на кошарката, враќање на оптимизмот кога се говори за овој спорт.

Приоритети има многу, од развој на младинската кошарка, до засилување на лигата и враќање на репрезентацијата онаму каде што посакуваме да биде – редовен учесник на големите натпреварувања“,  рече Антиќ.