ПОЧЕТНА Интернационалци АНТИЌ: Почнав со автобусите на ЈСП!

АНТИЌ: Почнав со автобусите на ЈСП!

сподели

Трета титула во Евролигата, враќање во Црвена Звезда и статус на херој кај навивачите на српскиот и регионален шампион.

Така накратко може да се сумира годината за најдобриот македонски кошаркар Перо Антиќ. Во интервју за српскиот портал sportske.net, Антиќ прави ретроспектива на она што му се случуваше во 2017, но и се сеќава како стигнал до она што претставува во моментов во европската кошарка.

„Годината ќе ја паметам најмногу по враќањето во финалето од Евролигата со Фенербахче и победата, потоа по кам-бекот во Звезда и, на личен план, по семејството. Тоа ми се најважните работи. Оваа веројатно е една од најдобрите години во кариерата, може да се спореди со оние во Олимпијакос и само можам да се надевам дека и идната ќе биде таква“, почна Антиќ.

Неколку пати последните месеци, тој истакнуваше дека ова му е последна сезона во кариерата, но изгледа полека се премислува.

„Да почекаме. Ќе играм додека уживам во кошарката. Така ми зборуваше татко ми кога почнував: играј додека се смееш и уживаш“, додаде поранешниот македонски репрезентативец.

фото: mondo.rs

Најинтересна е споредбата со превозот во НБА лигата, сегашниот во Звезда и кога ги правел првите чекори во кошарката.

„Не сме почнале сите со чартер летови. Некои почнале од автобусите во ЈСП“, рече, меѓу другото, Перо Антиќ.