ПОЧЕТНА А Репрезентација Антиќ го брани Димитријевиќ

Антиќ го брани Димитријевиќ

сподели

Поранешниот капитен на македонската селекција, кој што подолго време е во вербално несогласување со актуелното раководство на Македонската Кошаркарска Федерација, јавно изнесе свое видување за случајот Ненад.

Нашиот репрезентативец е суспендиран од Дисциплинската комисија на МКФ, одлука што ја потврди и Управниот одбор на МКФ, а која што треба да биде испратена до ФИБA со цел да се информира и шпанската федерација, по што суспензијата треба да стапи на сила.

Facebook

Според информациите од Канцеларијата на нашата кошарка, одлуката за суспензија на Ненад Димитријевиќ (6 месеци неиграње за клубот поради одбивање на повик на селектор) стои и нема никакви најави за нејзина промена.

Аплицирајте веднаш за

Спорен момент, поради кој што дојде до оваа ситуација, е одбивањето на Ненад Димитријевиќ да игра за У20 селекцијата на Б европското првенство, летоска во Софија.

Членот на шпанскиот Хувентуд, кој што изјавил дека е повреден, а (се вели дека) тренирал со топка во исто време додека траеле подготовките на малдинците, бил пријавен од селекторот Василев, кој што за нашиот медиум изјави дека целата игра ја базирал токму врз присуството на играчот што доби прилика и во А селекцијата на Македонија.