ПОЧЕТНА Евролига Анте Томиќ, нов рекордер на Евролигата

Анте Томиќ, нов рекордер на Евролигата

сподели

Хрватскиот интернационалец и член на Барселона влезе во одбраното друштво на рекордери во елитното кошаркарско натпреварување.

На натпреварот против Макаби, на кој „каталонците“ триумфираа со 74:58, искусниот центар го постигна својот 950-ти кош за два поена. Рекордниот кош го реализира во втората четвртина при резултат 28:31 и го помина легендарниот Мајк Батист кој во својата кариера во Евролигата погоди 949 шута.

Аплицирајте веднаш за

Но, Томиќ ќе мора напорно да работи за да се задржи на првото место во оваа статистичка категорија бидејќи со исклучок на Батист, останатите тројца од топ-5 листата уште се активни кошаркари. Трет е Фелипе Рејес со 937, по него Паулиус Јанкунас со 912, а петти е Јоргос Принтезис со 868.

Од сите нив, Хрватот има одиграни најмал број натпревари во Евролигата – 225. Интересно е тоа што и првиот обид за два поена, Томиќ го реализира против Макаби, на 4 февруари 2010 година како член на Реал Мадрид.

Во Евролигата ја игра десеттата сезона (три во дресот на Реал и седум на Барселона), а во моментов е петти скокач со 1.275 скока и 16-ти стрелец со 2.328 поени.