ПОЧЕТНА АБА Андрија Бојиќ – МВП на колото во АБА 2

Андрија Бојиќ – МВП на колото во АБА 2

сподели
фото: МЗТ Скопје Аеродром / Петр Стојановски

Фантастичното издание против Хелиос, српскиот интернационалец во редовите на МЗТ Скопје го круниса со првото индивидуално признание оваа сезона.

Андрија Бојиќ е најкорисен играч во 12. круг од АБА 2 лигата, прво од вториот круг на регионалното натпреварување.

Тренерот на нашиот вицешампион Ѓорѓи Кочов во најголемиот дел од натпреварот користеше шестмина кошаркари, па голем дел од одговорноста падна на плеќите на 25-годишниот играч. За речиси 38 минути на теренот, тој постигна 35 поени, 11 скока, една асистенција и две блокади за индекс 35.

Тој не е највисок во ова коло, Ѓоко Шалиќ од Хелиос забележа 38, но бидејќи тимот на Бојиќ беше поуспешен, признанието оди кај него. Кошаркарот на МЗТ Скопје е најдобар стрелец во ова коло со 35 поени, а покрај него, меѓу најдобрите се најдоа уште Иве Иванов кој е втор најдобар асистент со девет успешни додавања и Андреј Магдевски, најдобар „крадец“ со три украдени топки.

Ова е трет признание за играч на колото на еден кошаркар на МЗТ Скопје оваа сезона во АБА 2. Во првиот круг МВП беше Џејмс Вудард, а во осмиот Иве Иванов.