ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА АНДРИЕВСКИ: Првичниот план е остварен, но сега следува вистинското

АНДРИЕВСКИ: Првичниот план е остварен, но сега следува вистинското

сподели

Македонската кадетска репрезентација е најголемото освежување во домашната кошарка ова лето.

Во периодот кога немавме многу причини за задоволство, кошаркарите до 16 години ни приредија огромно уживање со своите резултати, но и однесувањето на Европското првенство Б-дивизија во Сараево.

Аплицирајте веднаш за

Одамна една наша селекција не играла толку сигурно и со толкава самодоверба. Селекторот Александар Јованчев и целокупниот стручен штаб направија одлична работа и на подготовките и на првенството и тоа се гледа на теренот.

 

„Првичниот план е остварен – пласман меѓу осумте најдобри, но сега претстои она вистинското, борба за висок пласман и влез во полуфиналето.

Честитки за играчите и стручниот штаб за досега сработеното. Ритамот е напорен и веќе се чувствува замор што резултираше со пад, особено во концентрацијата на денешната средба со Норвешка. Најважно е дека славевме.

Имаме ден одмор за физички да се одмориме, а најважно ќе биде психолошки да ги подготвиме кошаркарите за она што следи“, изјави за basketball.mk координаторот на младинските репрезентации, во Сараево во улога на ментор Бране Андриевски.

Сега е јасно дека противник во четвртфиналето ќе ни биде Романија која го освои првото место во групата А. Натпреварот се игра на 16 август во 21 часот.