ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА АНДРИЕВСКИ: Кој вика дека чуда не се случуваат…

АНДРИЕВСКИ: Кој вика дека чуда не се случуваат…

сподели

Координаторот на младинските селекции при Македонската кошаркарска федерација е можеби и најзначајниот фактор за успехот на оваа кадетска селекција.

Под негова палка почна проектот на Федерацијата „Заедно со У-16“ кој веќе почна да носи резултат иако беше предвидено тоа да се случи подоцна.

Под лупата на Бране Андриевски работат сите младински селекции, но тој уште одамна ги потенцира 2002 и 2003 како најперспективни. Оваа, 2002, го отвори патот за своите помлади колеги, а 2003 идното лето ќе има обврска не само да се задржи во елитата, туку и да се обиде да оствари што подобар пласман.

„Неверојатно е чувството, две ипол години работиме и се подготвуваме за ова. Звучеше невозможно, но ете се случи, во Сараево влеговме во А-дивизија.

Аплицирајте веднаш за

Честитки до играчите, изгинаа на теренот, одиграа над своите можности, беа послушни, дисциплинирани… „Страшен“ спој на карактери, што беше пресудно за успехот.

Стручниот штаб е посебна приказна, макотрпна работа 30 месеци, многу енергија потрошена, време, непреспиени ноќи, но се се заборава, крунисано е со успех, а за тоа се игра кошарка. Кој вика дека чуда не се случуваат“, изјави Андриевски за basketball.mk.